Заврши распитот на Боки 13, Дуковски посочи дека тој изнел „мноштво факти“ за случајот „Меѓународен сојуз“

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Денеска Бојан Јовановски повторно беше на распит кај обвинителката Вилма Рускоска, во врска со случајот за работата на невладината организација Меѓународен сојуз, а по неколку часа испитување, неговиот адвокат Сашо Дуковски за новинарите изјавил дека Боки 13 ја кажал „целата вистина поткрепена со факти“.

– Прилично детална беше неговата изјава, можете да заклучите надвор од било какво разумно сомневање дека за секој основ и зборче што стои во наредбата за истрага се произнесе со мноштво факти – изјавил Дуковски.

Дукоски одбил да ја коментира изјавата на Јасна Мандиќ која исто така е осомничена во овој случај, а рекол дека била доведена во заблуда од Јовановски.

– Не сакам да коментирам изјави на туѓи лица, ги оставам. Моето мото е секој си стои зад она што го изјавил, ние нашата одбрана ја даваме во обвинителство и пред суд – изјавил адвокатот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот