Заврши расчистувањето на остатоците од пожарот во „Глобал”

Екипи на ЈПКД „Комуналец” денеска завршија со расчистувањето на остатоците од големиот пожар во Трговскиот центар „Глобал” во Струмица. Исфрлени се околу 370 тони најразличен отпад, најмногу од делот на Градскиот пазар каде изгореа голем број тезги и продавници.

Според Бранко Ѓоргиев од струмички „Комуналец”, до крајот на денот се очекува да биде отстранет и еден помал дел на отпад од третиот кат, каде имаше најмалку штета.

– Со специјализарано возило и рачно утре продолжуваме со миење и дезинфекција на опожарениот простор, а потоа со санирање и изградба на деловите кои беа зафатени од пожарот, како и со поправка на електричната инсталација, истакна Ѓоргиев.

Инаку, во пожарот, кој избувна ноќта на 2-ри овој месец, опожарена е една третина од Градскиот пазар, повеќе продавници на приземјето и првиот кат, дел од вториот, а урнат е и дел од покривот на комплексот „Глобал”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот