Заврши пучот во Мали, претседателот Кеита поднесе оставка: Не сакам крв

Претседателот на Мали, Ибрахим Бубакар Кеита поднесе оставка откако беше уапсен од побунетите војници, јави државната телевизија.

За време на телевизиското обраќање, Кеита рече дека ќе ги распушти владата и парламентот, пренесе Би-Би-Си.

– Не сакам да се пролее крв за да останам на власт – ​​рече тој.

Кеита се обрати до нацијата неколку часа откако тој и премиерот Бубу Сисе беа однесени во воена база во близина на Бамако, предизвикувајќи осуда од регионалните сили и Франција.

– Ако денеска, одредени елементи на нашите вооружени сили сакаат ова да заврши со нивна интервенција, дали воопшто имам избор? – се запраша Кеита од воената база во Кати, крај главниот град Бамако, каде беше приведен претходниот ден.

Британските медиуми наведуваат дека не може да се потврди автентичноста на снимката.

Претседателот и премиерот беа уапсени во Бамако од одметнати членови на вооружените сили, соопшти претходно претставникот на Африканската унија, Муса Факи Махамат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот