Јун Сук Јеол, претседател на Јужна Кореја / Фото: EPA-EFE/KIM MIN-HEE

Заврши првото рочиште пред Уставниот суд во Јужна Кореја, Џун Сук-јеол не се појави

Првото официјално рочиште пред Уставниот суд на Јужна Кореја за отповикување на претседателот Јун Сук- јеол заврши денеска по четириминутна седница поради негово отсуство, при што судот го одби барањето на Јун да се исклучи еден од осумте судии од судењето.

Следното рочиште е закажано за четврток, а судот ќе го продолжи судењето без разлика дали Јун е присутен или не, изјави вршителот на должноста претседател на судот Мун Хјунг-бае, повикувајќи се на соодветниот закон, пренесе Јонхап.

Адвокатот на претседателот изјави дека во тек се обиди за негово незаконско апсење и дека стравува за неговата лична безбедност, додавајќи дека прашањето мора да се реши за суспендираниот шеф на државата да може да се појави пред судот.

Јужнокорејската полиција веќе се обиде да го уапси Јун, но се откажала по судир со неговото обезбедување.

Денешното рочиште дојде точно еден месец откако Националното собрание на Јужна Кореја гласаше за импичмент на Јун поради неговото краткотрајно прогласување вонредна состојба на 3 декември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот