Заврши првото издание на фестивалот „Преку езерото“ во Стар Дојран

Со проекции на три краткометражни филмови од натпреварувачката програма и француската комедија „Суперхерои“ во отворениот амфитеатар во Стар Дојран, синоќа (7 август), официјално беше затворено првото издание на Меѓународниот филмски фестивал на медитерански и европски филм „Преку езерото“.

Членовите на меѓународното жири за краткометражни филмови – Ева Камчевска, сценаристка, Гоце Кралевски, продуцент, и Василис Мазоменос, режисер, во улога на претседател на жирито, ги доделија наградите.

Жирито додели посебно признание на тројца актери од хрватскиот филм „Марко“, на Мате Гулин, Снежана Синовчиќ и Феџа Стојановиќ.

Наградата за најдобро сценарио ја доби грчкиот филм „Поглед од балконот“, напишано од Арис Капланидис и Елиас Румелиотис. Овој оригинален анимиран филм зборува за обични луѓе од соседство во Атина, прикажувајќи ги реалистично, а не како карикатури.

За брилијантната и модерна режија на многу тешка тема, без форсирање сентиментализам, жирито едногласно реши да ја додели наградата за најдобра режија и најдобар филм на „Што, всушност, ние не знаеме за Миријам“ на Морад Мостафа.

„Преку езерото“ е прв филмски фестивал од овој формат во Македонија и ќе се одржува традиционално секоја година во првиот дел од месец август. Фестивалот е потпомогнат од Општина Дојран, а е во реализација на продукцијата „Синемон“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот