ЗАВРШИ ПРВИОТ КРУГ НА ИЗБОРИТЕ ВО ХРВАТСКА: Милановиќ победник, Колинда тесно пред Шкоро

Фото: ЕПА

Со 99,63 отсто преброени гласови, познати се кандидатите кои ќе одат во вториот круг на претседателските избори во Хрватска. Победник во првиот круг е кандидатот Зоран Милановиќ кој доби 29.55 отсто од  гласовите.

Втора според бројот на гласови и кандидатката на ХДЗ и актуелна претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ со освоени 26.65 отсто. Трет со гласови е независниот кандидат Мирослав Шкоро со 24.43 отсто.

Според овие првични објавени резултати, Хрватска најверојатно новиот претседател ќе го избере во вториот круг кој би се одржал на 5 јануари, а гласачите ќе избираат помеѓу Милановиќ и Грабар-Китановиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот