Заврши првиот ден од комисиската расправа за буџетот

буџет
Седница на собраниската Комисија за финансирање и финансирање и буџет / 15 ноември 2021 / фото: ТВ24/принтскрин

Со образлагање на Предлог буџетот од страна на министерот за финансии Фатмир Бесими денеска во Собранието почна комисиската расправа за Буџетот за 2022 година. Министерот нагласи дека Буџетот е одраз на реалноста и предизвиците со кои ќе се соочуваме и во следната година.

Грижа за здравјето на граѓаните, консолидација на економијата, зголемени инвестии и поддршна реформите во правосудството и евроатланскиот пат на Македонија се четирите приоритети на Владата врз кои е и проектиран новиот буџет.

За опозицијата пак Буџетот е нереален и неразвоен со многу непродуктивни трошоци. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски посочи дека во Предлог буџетот не се предвидени пари за справување со енергетската криза и нагласи дека ќе биде неизбежно да се направи ребаланс на Буџетот во првите три месеци од 2022 година. Стојаноски тврди дека народните пари ќе се трошат недомаќински и за партиски вработувања. Како пример ги посочи МВР каде е предвидено зголемување на буџетот за набавка на возила и МНР за купување на мебел за ова министерство.

Нема ништо лошо во зголемениот Буџет за вработувања, му врати на Стојаноски пратеникот од СДСМ, Панчо Минов. Тој кажа дека многу проекти од ИПАРД програмата наменети за земјоделците не можат да се реализираат токму затоа што нема вработени соодветни кадри кои ќе работат на нив. А опозицискиот пратеник од ГРОМ, Љупчо Пренџов критукувајќи го Предлог буџетот рече дека Македонија е земја која најмалку инвестира во малите стопанственици.

Според Предлог буџетот државата во 2022 година планира да собере скоро 4 милијарди евра народни пари а да потроши безмалку 4,5 милијарди евра. Со тоа во буџетот се отвора дупка од речиси половина милјарда евра. Министерот Бесими рече дека разликата ќе се покрива со кредити земени во земјава но и од странство.

Комисиската расправа по Предлог буџетот може да трае најмногу десет дена. Потоа предлогот се сели на собраниска седница која може да трае најмногу пет дена. Се очекува Буџетот да биде донесен не подоцна од петти декември годинава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот