Заврши првата фаза на изградба на подземната инфраструктура по трасата на идниот булевар „Хрватска“

Фото: Град Скопје

Град Скопје информира дека е завршена реализацијата на првата фаза на проектот за изградба на подземната инфраструктура на новиот булевар „Хрватска“. Како што велат, станува збор за капитален инфраструктурен проект кој опфаќа и нова водоводна мрежа како дел од програмата за работа на градот. Реализацијата на овој дел од водоводната мрежа е предуслов за подобрување на водоснабдувањето на целата територија на општина Гази Баба.

Изградбата на водоводната мрежа која се движи на трасата по новопроектираниот булевар Хрватска, заради формирање на прстенеста циркулациона мрежа и создавање на подобри хидраулички услови во градската водоводна мрежа ги поврза двата магистрални доводи на вода Рашче со профил од Ф1600 и постоечкиот цевковод со профил од Ф700 на булевар Александар Mакедонски. Со реализација на оваа фаза од предвидениот магистрален цевковод со профил од Ф700 милиметри, по трасата на булевар Хрватска, завршени се градежните активности на поврзување на булевар Александар Македонски кај „Естекада“ – велат од Град Скопје.

Вкупната предвидена должина на магистралниот цевковод по булеварот „Хрватска“ изнесува 2,8 километри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот