Заврши преодниот рок за Манчестер јунајтед!?

EPA-EFE/ANDY RAIN

Управата на Манчестер јунајтед се откажа од намерата да го ангажира Кристијан Ериксен, најновата информација вели дека за играчот од средниот ред на Тотенхем е заинтересиран Реал Мадрид.

Иако се најавуваше на два дена до крајот на летниот преоден рок дека „црвените ѓаволи“ ќе го ангажираат Ериксен, според „Скај Спорт“, клубот од „Олд Трафорд“ се откажа од својата намера.

И самиот Ериксен не сакал на „Олд Трафорд“, Тотенхем барал од Јунајтед околу 90 милиони евра како обесштетување, додека Реал нуди 70. Има тука логика, Јунајтед сепак е директен ривал на Тотенхем во борбата за место во ЛШ каде што се кријат најголемите пари, па и разбирливо е што Тотенхем не сакаат да го продадат на „црвените ѓаволи“.

Ова лето Јунајтед го доведе Хари Мегваер од Лестер за 87 милиони евра, Арон Ван-Бисака (Кристал Палас/55 милиони) и Даниел Џејмс (Свонси/17 милиони). Како слободни играчи си заминаа Андер Ерера (ПСЖ), Џејмс Вилсон (Абердин) и Антонио Валенсија (ЛДУ Кито).

Со оглед на тоа што договорот со Тотенхем му истекува наредното лето, лондонскиот клуб е подготвен да го продадена, а првите луѓе би можеле и да ја спуштат цената од 130 на 60 милиони фунти.

Од претходно се шпекулира дека Данецот би можел да заврши на „Сантјаго Бернабеу“, но тренерот Зинедин Зидан е повеќе заинтересиран за доведување на Пол Погба. Во трката за Ериксен е и Атлетико Мадрид.

Останува да се види што ќе се случува со Лукаку кој се поврзуваше со трансфер во Серија А. Досегашниот играч на Јунајтед не тренираше ова лето и не настапуваше на пријателските мечеви за клубот, и поради тоа според британските медиуми ќе биде парично казнет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот