Заврши преодниот рок, кои се највредните слободни играчи во Европа?

twitter.com/kazarre13

Но, фудбалскиот пазар уште не е целосно затворен, во понудата сеуште има слободни играчи кои до 2 септември не успеаја да пронајдат адекватен клуб за себе.

Во продолжение ќе ви ги објавиме слободните играчи кои се највредни на пазарот, прв на оваа листа е францускиот интернационалец хатем бен Арфа кој до последниот ден се поврзуваше со трансфер во Вест Хем и Фиорентина, но не се дојде до конечен договор.

Слична е и ситуацијата со Вилфрид Бони за чии услуги беа заинтересирани екипите на Вест Хем и Брајтон, но и натаму не се одлучил фудбалерот од Брегот на слоновата коска.

ТОП 10 НАЈВРЕДНИ СЛОБОДНИ ИГРАЧИ:

1.Хатем Бен Арфа 6.000.000 милиони евра
2.Маркел Сусаета 6.000.000
3.Вилфрид Бони 5.500.000
4.Фреди Гуарин 4.500.000
5.Шинџи Оказаки 4.000.000
6.Лазар Марковиќ 4.000.000
7.Бакари Сако 4.000.000
8.Кејсуке Хонда 3.500.000
9.Дани Симпсон 3.500.000
10.Хајнц Лајнднер 3.500.000

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот