Заврши посетата на кинескиот претседател на Северна Кореја

Претседателот на Кина, Си Џинпинг ја заврши дводневната посета на Северна Кореја.

Според кинеските медиуми на синоќешната средба на Си со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун „постигната е согласност за зајакнување на билатералните односи, во време на сериозно искомплицирани меѓународни односи за доброто на регионалниот мир”.

Кинескиот претседател по пристигнувањето во Пјонгјанг ги пофали напорите на Ким за денуклеаризацијата истакнувајќи оти цел свет се надева дека Северна Кореја и САД можат да разговараат и оти повторно можат да иницираат продуктивен дијалог.

Додека Ким изјави дека односите помеѓу Кина и Северна Кореја се непобедливи.

– Посетата на кинескиот сојузник претставува важна можност за двете земји да му докажат на светот дека имаат непобедливи односи и пријателство, посочи Ким.

Кина, главниот сојузник на севернокорејските власти, се придржува до меѓународните санкции воведени со цел Пјонгјанг да се откаже од изработка на нуклеарна бомба.

Односите помеѓу Пекинг и Пјонгјанг се влошија по севернокорејските нуклеарни тестирања, додека подобрувањето се случи по првата нивна средба. Ким минатата година четирипати ја посети Кина, додека Си е првиот кинески претседател, кој по 14 години го посети Пјонгјанг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот