Заврши „Охрид-фест 2020“: Најмногу гласови од публиката за „Скопски боеми“!

Почитувајќи ги мерките донесени поради пандемијата со корона- вирусот (задржана физичка дистанца помеѓу публиката, носење заштитни маски и мерење на температура на влезот), овој викенд, на најубавата сцена на Балканот – на Долни Сарај, се одржа популарниот „Охрид-фест“.

На фолк изданието на фестивалот слушнавме и видовме, преку директниот пренос на МРТ, 19 композиции, а бодувањето се случуваше со гласовите на наши и со радијата од дијаспората, и секако со гласовите на жирито, присутно на фестивалот.

Првата награда од публика им припадна на „Скопски Боеми“ кои ја изведоа „Љубовта е скапа играчка“ (муз. Петар Кан, т. Огнен Неделковски и ар Цане Петров). На Ибро Лабунски му припадна втората награда а тој ја изведе „Анѓо моја судбино“ (муз и текст Ибро Лабунски, ар. Суад Усеин Цуле), додека третата награда од публика ја доби Благоја Грујовски: „Не се будам без тебе“ (муз. Иво Горов, т. Огнен Неделковски и ар. Љупчо Соколовски).

Жирито своите гласови им ги даде на Зоран Христов и песната „Ќе те носам на југ“ на Горан Шарац, со аранжман на Ц.П. Дундарак и стиховите на Огнен Неделковски. Нино Величковски ја доби втората награда, изведувајќи ја песната „Чувај не песно“ на Филип Неделковски, со текст на Огнен Неделковски и аранжман на Петар Кан, а на третото место се пласираа Катерина Брезева и „Соната“ со песната „Кажи ми кажи“, (музика и аранжман на Петар Кан и текст на Драган Матески). Наградата за најдобар аранжман му припадна на Јовица Каралиевски за песната „Побарај среќа“ што ја пееше Петар Нечовски.

Награда за најдобар текст- Јован Павловски, му припадна на Огнен Неделковски за стиховите на песната „Мој Охриде“ што ја изведе Добрила Чабриќ- Ивановска. Најтрубадурска песна е „Животот е еден“ што ја изведува Милован Секулоски и Позитив бенд (муз и т. Милован Секулоски Ар. Гоце Цоцески).

Специјалната награда „Долни Сарај“ ја доби Ирена Спасовска и песната на Горјан Стојановски и Цане Петров „Кокиче“. Награда за најдобара интерпретација и припадна на Јуле Николовска а специјалната награда „Аце Ангелески“ ја доби Анета Арсовска за „Зароси љубов“. Барбара Јаковлеска е добитник на наградата за најдобар сценски настап, додека за најдобар дебитант е прогласена Гордана Микиќ. Најслушана песна помеѓу двата фестивали е „Моето семејство“ што ја пее Методија Столески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот