ЗАВРШИ ОДМАЗДАТА: Иран нема да презема понатамошни воени активности

Во писмото упатено до генералниот секретар на ОН и Советот за безбедност, постојаниот претставник на Иран исто така истакна дека неговата земја целосно ја почитува независноста, суверенитетот, единството и територијалниот интегритет на Република Ирак.

Постојаниот претставник на Иран во ОН, Маџид Тахт Раванчи, изјави денеска дека неговата земја ја завршила одмаздата за Сулејмани и нема да преземе понатамошни воени активности.

– Сите наши активности беа пропорционални со убиството на Касим Сулејмани. Тие завршија. Ако САД повеќе не преземаат воени активности против Иран, тогаш ние нема да преземаме вакви активности, истакна постојаниот претставник.

Во писмото упатено до генералниот секретар на ОН и Советот за безбедност, постојаниот претставник на Иран исто така истакна дека неговата земја целосно ја почитува независноста, суверенитетот, единството и територијалниот интегритет на Република Ирак.

Тие зборови доаѓаат во одговор на реакцијата на Багдад. Министерството за надворешни работи на Ирак соопшти дека го повикал иранскиот амбасадор да протестира против ракетните напади на Иран врз ирачки бази.

Иранскиот дипломат го опиша ракетниот напад како „прецизна операција” чија цел биле воени инсталации за да не се предизвикаат жртви на цивили и оштетување на цивилните објекти во областа.

– Иран е посветен на одржување на мирот и меѓународната безбедност и нагласува дека не бара ескалација или војна, додава Маџид Тахт Раванчи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот