Заврши масовното тестирање во Вухан, откриени околу 300 асимптоматски случаи

Масовно тестирање во Вујан Фото: EPA-EFE/PENG NIAN CHINA OUT

Тестирањето на целиот град чинеше 900 милиони јуани (околу 126,7 милиони долари).

Кинескиот град Вухан, каде пандемијата од коронавирус најпрво се појави, не пријави ниту еден нов случај на ковид-19, но пронајдени се 300 асимптоматични носители откако градот ги тестираше повеќето од вкупно 11 милиони жители, објавија денеска кинеските власти.

Властите од 14. мај покренаа амбициозна кампања за тестирање ширум градот и со неа беа покриени 9,9 милиони луѓе, откако низа нови случаи предизвикаа страв од втор бран зараза. Но во кампањата која траеше до 1 јуни не се пронајдени нови случаи на ковид-19, болест која е предизвикана од коронавирусот, соопштија властите.

Според нивните зборови, откриено е дека асимптоматските носители не се заразни, бидејќи не останувале траги од вирусот на работите кои ги користеле тие 300 луѓе, како нивните маски, четкички за заби и мобилни телефони, но и кваки на вратите и копчиња кои ги допирале.

Кина не ги смета асимптоматските преносители – луѓето кои се заразени од коронавирусот, но не искажуваат симптоми – како заразени лица.

Овој град од централна Кина и главен град на провинцијата Хубеи беше ставен во карантин на 23 јануари. Карантинот е укинат на 8. април. Вухан од сите други градови во Кина беше најсилно погоден и се смета дека во него се случија повеќето од вкупно регистрираните 4.634 смртни случаи и од вкупно регистрираните 83.022 случаи на зараза кои се пријавени во континентална Кина.

Тестирањето на целиот град чинеше 900 милиони јуани (околу 126,7 милиони долари).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот