Заврши културно-уметничката програма на „Струмица опен фестивал”

Со изложба на делата создадени од учесниците на ликовната работилница, со која раководеше еминентниот струмички ликовен уметник и педагог Митко Тошев, синоќа пред библиотеката „Благој Jанков Мучето” заврши културно-уметничката програма на „Струмица опен фестивал”.

Учесниците на оваа бесплатна работилница имаа можност да совладаат неколку техники на сликање, со кои во иднина ќе може подобро да ја покажат својата креативност и да ја преточат во нивни дела.

Овој настан беше 17-ти по ред од богатата програма на „Струмица опен фестивал”. Досега се одржаа спортски натпревари, како и вечери на поезија и афоризми, кино на отворено, board games и неколку концерти.

Од 9 до 15 август настаните се префрлаат на малата музичка сцена „Чешмичка”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот