Заврши карантинот за Лејкерс, нема позитивни на коронавирус

twitter/Los Angeles Lakers

ЛА Лејкерс објави дека повеќе ниту еден член на тимот не е позитивен на коронавирус.

Неодамна беше откриено дека двајца члена на ЛА Лејкерс се позитивни на ковид-19, но нивните имиња не беа објавени, а екипата беше ставена во 14-дневен карантин. Карантинот заврши вчера и сите тестови се негативни.

– Сите играчи на Лејкерс моментно се без симптоми на ковид-19. Играчите ќе продолжат да ги следат и почитуваат препораките на Владата и на НБА лигата – објави тимот.

НБА лигата е суспендирана на 11. март кога центарот на Јута џез, Руди Гобер беше позитивен на коронавирус.

САД моментно е најзагрозена земја во светот со повеќе од 185.000 заболени лица, од кои 3.780 се починати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот