Заврши гласањето на лицата во самоизолација или болни од Ковид-19 во Дебар

Во Дебар заврши гласањето на лицата во самоизолација или болни од Ковид-19.

– Поради потребата да бидат дома во изолација или болни од Ковид-19 за гласање беа пријавени 15 лица и сите го искористија своето право на глас. Ова право во текот на утрешниот ден треба да го остварат 29 болни и немоќни лица, изјави за МИА, Елмира Бакали, претседателка на Општинската изборна комисија.

Во општина Дебар в среда ќе се гласа на 27 избирачки места а во единствениот избирачки список се запишани 18.764 граѓани со право на глас.

Во соседната општина, Центар Жупа, немаше пријавени лица за денешното гласање.

– Кај нас немаше пријава за денешното гласање, додека правото на глас утре треба да остварат четири болни и немоќни лица, колку што и се пријавија, потврди за МИА, претседателот на ОИК за Центар Жупа, Еран Зубер.

Во оваа општина в среда ќе се гласа на 16 избирачки места а во единствениот избирачки список запишани се 7.061 граѓанин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот