Заврши Филмскиот фестивал во Кан: „Златна палма“ за „Anatomie d’une Chute“, режисерката се запиша во историјата

Фото: Принтскрин/Инстаграм

„Златната палма“ за најдобро остварување на 76. Меѓународен филмски фестивал во Кан ја освои филмот „Anatomy of a Fall (Anatomie d’une Chute)“ (Анатомија на падот) на француската режисерка Жистрин Трие.


Во трката за оваа награда беа 21 филм, а освен што нејзиниот филм триумфираше, 44-годишната Жистрин Трие има уште една причина да се радува.

Имено, таа стана третата наградувана режисерка во историјата на Филмскиот фестивал во Кан. Пред неа, тоа им појде од рака на Џејн Кемпион за филмот „The Piano“ (Час по пијано) од 1993 година и Жулија Дикруно за филмот „Titane“ (Титан) од 2021 година.

 


Гран-при на жирито го освои Џонатан Глејзер за филмот „The Zone of Interest“ (Зона на интерес), кој раскажува за животот на нацистичкиот командант од Аушвиц. Претседател на жирито беше минатогодишниот добитник на „Златната палма“, шведскиот режисер Рубен Остлунд.

Наградата за најдобар актер отиде во рацете на јапонската ѕвезда Коџи Јакушо, која глуми рефлектирачки, средовечен маж од Токио кој чисти тоалети во „Perfect days“ (Совршени денови) на Вим Вендерс.

Со доделувањето на овие награди заврши Канскиот филмски фестивал.

ФОТО | Француската легенда Катрин Денев официјално го прогласи за отворен Канскиот филмски фестивал

ВИДЕО | Се врати и победи: Седумминутни стоечки овации во Кан, Џони Деп се расплака

Џони Деп се враќа на голема врата: Неговиот филм ќе го отвори Канскиот филмски фестивал

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот