Заврши четиричасовната средба Заев-Гаши, заклучоците ќе ги соопшти владината прес-служба

заев гаши
Средба Заев-Гаши / Фото: „Слободен печат“/Драган Митрески

По четири часа, заврши средбата на премиерот Зоран Заев и претседателот на Алтернатива Африм Гаши за вклучување на партијата во Владата и парламентарното мнозинство. За заклучоците ќе информира Прес-службата на Владата.

Гаши и Заев на излегување не дадоа изјава за медиумите, а Заев само кратко кажа дека имаат заклучоци и тие ќе бидат споделени од владината прес-служба.

– Имавме конкструктивна средба. Имаме заклучоци. Прес-службата на Владата ќе ги сподели сите информации, изјави кратко Заев по завршувањето на средбата.

Премиерот Заев на средбата со Гаши беше придружуван од Ковачевски, а лидерот на Алтернатива од партискиот генерален секретар Беким Сали.

Ова е втора средба на Заев и Гаши, откако на 19-ти месецов тие разговараа за условите и улогата на Алтерантива во новото парламентарно мнозинство, а конечната одлука беше оставено да ја донесат партиските органи.

Централното претседателство на Алтернатива во петокот го овласти Гаши да почне разговори со сите политички актери, со премиерот и со евентуалниот нов мандатар за да се види каков е нивниот концепт за излез од политичката криза, додека на седницата на Централниот одбор на СДСМ, што се одржа исто така во петокот, беше констатирана оставката на Заев од лидерската позиција во партијата, но му беше даден легитимитет да ги води преговорите за парламентарно мнозинство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот