Заврши авантурата на Карим Бензема со Франција!

фото:твитер

Фудбалерот на Реал Мадрид се најде во лоши односи со француската фудбалска федерација и изрази желба и подготвеност да ги брани боите на друга национална селекција.

Во текот на вчерашниот ден, првиот човек на францускиот фудбал, Ноел Ле Грае вели дека е завршена репрезентативната кариера на Бензема и покрај тоа што играчот покажува добри перформанси.

Веднаш реагираше играчот на својот „Твитер“ профил: „Кога сум завршил, дозволете ми да играм за друга репрезентација и тогаш ќе видиме!”

Во принцип, Карим е речиси невозможно да облече дрес на друга репрезентација. Но, како што пренесува шпанската „Марка” има дупка во правилата.

Тој има алжирско потекло и може да се обиде соодветно да игра за африканската репрезентација, а за тоа тоа да се случи Француската влада мора да му го одземе државјанството на Бензема, а потоа и да добие алжирски пасош.

Воедно треба да добие одобрение од светската фудбалска федерација (ФИФА) во чиј правилник се вели доколку фудбалер кој одиграл натпревари за национален тим на една земја, го загуби државјанството против неговата согласност и со одлука на локалните власти, тој може да побара дозвола од ФИФА да претставува репрезентацијата на друга земја чие државјанство го има добиено.

И на крајот Комисијата за утврдување на статусот на играчите треба да донесе конечна одлука. Бензема има учинок од 27 голови и 18 асистенции во 81 одигран натпревар за Французите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот