Завршени се 72 проценти од работите на автопатот Кичево-Охрид, тврди Бочварски

Фото: Министерство за транспорт и врски

„Прогресот на работите на автопатот Кичево-Охрид е над 72 проценти, а кога го презедовме проектот во 2017 година беше со триесетина проценти прогрес и натоварени проблеми, како нерешени имотно-правни прашања, лоши проекти“, изјави вечерва министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Тој во гостување на ТВ 21 вечерва истакна дека во изминатиот период направиле се што било потребно за да се работи на автопатската делница. Како Министерство за транспорт и врски ги одобриле проектните документации и ги изработиле потребните проекти.

– Тоа значи дека трасата веќе се ослободува за работа бидејќи не можеме да работиме на траса која не е експроприрана, на нечиј приватен имот. Сите овие постапки ги завршивме. Репроектирана е трасата, испроектирани се клучките, поместена е трасата на делницата кај Кичево каде што поминуваше преку резервоар за вода на Кичево. Се работи на целата делница, рече Бочварски, истакнувајќи дека веќе се работи и на асфалтирање на првиот тунел.

Изградбата на автопатот Кичево – Охрид почна пред осум години, а според последните најави ќе биде изграден до крајот на 2023 или почетокот на 2024 година. Инвестицијата изнесува 598 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот