Завршена реконструкцијата на улиците „Бихаќка” и „Црниче”

Фото: МИА

Екипите на Град Скопје ја завршија реконструкцијата на коловозот и на дел од тротоарите на улиците „Бихаќка” и „Црниче”, меѓу општините Центар и Кисела Вода.

Оштетениот коловоз е обновен на должина од 810 метри на потегот од крстосницата кај подвозникот, се до улицата „Востаничка”.

За реконструкцијата на овие улици Град Скопје издвоил околу девет милиони денари.

– Во текот на реконструкцијата беше отстранет стариот и оштетен асфалт, беше нанесен нов асфалтен слој и беше обележана хоризонталната сигнализација. Исто така, се реконструирани и дел од оштетените тротоари на овој потег за да се овозможи непречено движење на пешаците, информираат од Град Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот