Заводникот Џерард Батлер повторно слободен – По шест години врска раскина со девојката

Фото: Профимедиа

Никој не се надеваше на ова…

Холивудскиот актер Џерард Батлер и неговата девојка Морган Браун наводно раскинале, по шестгодишна врска, а оваа вест шокираше многумина.

Веста за распадот на популарната холивудска двојка ја потврди магазинот „People “.

Имено, поранешната двојка последен пат била видена во јавноста на почетокот на овој месец кога се бакнале на плажата Венеција во Лос Анџелес.

Џерард и Морган ја започнаа својата романса во 2014 година, но истата година, раскинаа. Набргу потоа, тие ја обновија врската, а двајцата беа видени на заеднички одмор во Мексико.

Фото: EPA/PAUL BUCK

Странските медиуми пренесуваат дека главната причина за раскинувањето е затоа што Батлер бил преокупиран единствено од неговата кариера.

– Немам приватен живот – рече Батлер во 2017 година и додаде дека очекува повеќе од врската.

– Би сакал да имам едно или две деца. Време е! – изјави тогаш актерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот