Зависничка од секс открива од која своја постапка најмногу се срами

Една жена од Австралија признала дека е зависна од секс и одлучила своето искуство да го сподели со тамошната публика.

Но, нејзината исповед за кратко време станала вирална.

„Момците не ни мораат да ме изведат на ручек или вечера или каков и да е состанок. Сексот ми е поважен“, изјавила таа.

Притоа, додала дека во врска ѝ било многу полесно, бидејќи на тој начин била сигурна дека ќе има редовен секс и дека нема да се зарази со полово пренослива инфекција.

Но, проблем се појавил кога сфатила дека апетитите ѝ се многу поголеми од тоа. Поради таа зависност често си го комплицирала животот.

Девојката признава и дека еднаш ѝ се случило да се гледа со тројца момци со исто име, за да не се збуни кога им се обраќа. Едниот од нив ѝ бил момче. Ова го смета за црна точка во својот сексуален живот.

Понекогаш се срами од својата опседнатост, бидејќи растела во средина во која се верувало дека мажите се тие кои сакаат секс повеќе од жените.

Зависноста од секс е реален проблем, особено ако не може да се контролира. Затоа и на никој не треба да му е срам да побара помош ако сета ситуација излезе од контрола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот