ЗАВЕДУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКИ: Откриен нов скандал од минатото на скандалозниот пејач

р кели
Фото Профимедиа

Р’н’Б ѕвездата Р. Кели е познат по неговото скандалозно минато кога се во прашање сексуалните злоупотреби, а пред помалку од еден месец во Чикаго се најде пред судот поради 18 обвиненија за вакво дело.

Овојпат две жени пријавиле дека пејачот во 2001 од нив барал да изведуваат стриптиз и одредени сексуални услуги, а и двете во тоа време биле малолетни.

Едната од нив сакала негов автограм, а тој ѝ понудил 200 долари за да се соблече. Нејзиниот адвокат за медиумите изјавил дека таа иако сега не е дете, сè уште е жртва на Р. Кели и постои голема можност ова дело да биде додадено во неговата долга листа на обвиненија за сексуална злоупотреба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот