Елитните зварувачи на Турскиот тек во Србија земаат плата од 7.000 евра

Фото: Принтскрин

Дека времињата се менуваат и дека и во Србија може да се зема повисока плата отколку во западна Европа потврдува примерот со заварувачите ангажирани за изградбата на гасоводот Турски тек низ Србија, кои месечно заработуваат од 4.000 до дури 7.000 евра или 14 просечни српски плати.

Се работи за заварувачи посебно обучени за специјални варења, кои одат на радиографско испитување, додека платите на другите заварувачи ангажирани на „Турски тек“ се од 2.500 до 3.000 евра, пишуваат српски медиуми.

И заварувачите, како и многу други занимања и професии, во Србија се дефицитарни, најмногу поради иселувањето. Веќе тешко се наоѓале и мајстори за бурек, а во некои градови, како Ниш, на пример, не можеле да ги привлечат ни со плата од 1.400 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот