Затворските денови на Гордана Јанкуловскa: Постојано е на судења, нема време за затворскиот весник

Гордана Јанкуловска / Фото: EPA/GEORGI LICOVSKI

„Таа е нонстоп на суд. Повеќе време поминува на суд. Нема промени, немам примедби, не сум видел дека има проблем таму. Овде сум официјално од 21. декември. Се пристапува превентивно во однос на нејзината безбедност, исто како на почетокот. Мојата информација е дека е сама во соба. Тоа е безбедносна проценка, затоа што ако се случи нешто што ќе правиме? Станува збор за поранешен функционер. Нема шетање надвор од женскиот затвор, само во кругот со други, под надзор од службата“, изјави директорот на Казнено поправната установа „Идризово“, Јовица Стојановиќ за А1он.

Иако изразила желба да работи, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска не може да се посвети на изработката на интерниот затворски весник бидејќи постојано е на судења.

Имено, од приемното одделение каде беше сместена кон крајот на септември минатата година, Јанкуловска сега е префрлена во затворското одделение. Поради безбедносни причини, таа е сместена сама во соба и во затворот се движи под надзор од службите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот