-6 C
Скопје

Затворски казни за обвинетите Јакимовски и Маџовски за незаконското трошење пари од УБК

Шест години казна затвор за Тони Јакимовски поранешен шеф на кабинетот на екс директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков. Пресудата денеска во име на народот во Кривичниот суд ја пресуди судијата Владимир Туџегџиќ.

Две години помалку, односно четири години затвор „заработи“ второобвинетиот Стево Маџовски, додека третообвинетата Кристина Јосифовска е ослободена од одговорност.

Јакимовски беше обвинет дека со уште двајца од УБК проневериле 820.000 евра државни пари од Специјалната каса на поранешната служба за државна безбедност.

Овој предмет го застапуваше обвинителката Ивана Трајчева од Обвинителството за организиран криминал и корупција.

При соопштувањето на судскиот став по однос на пресудата судијата Туфегџиќ нагласи дека во текот на постапката се докажло дека Тони Јакимовски му наредил на осудениот Петре Пешовски уништување на документацијата за исплатените пари, а тие документи со специјални машини-режачи биле темелно уништени, додека со дел од подигнатите пари се плаќале соработниците на службата се вели во пресудата.

Прочитајте и...  Метео: Дождливо и студено со температури од -1 до 10 степени

– Во овој процес беа одржани 11 главни расправи, а беа приложените сите материјални докази. Преку интернет врска беше сослушан и сведок кој живее во Романија – нагласи судијата.

Пред да почне ова судење, Петре Пешовски, вработен во УБК, призна вина за злоупотреба на касата во тајната полиција.

Според обвинението, во периодот од 2007 до 2017 година, 172 пати, за потребите на касата за исплата на средствата за посебни намени на УБК, од одделот за финансии при МВР подигнале парични средства за кои поднесувале барања и признаници за износите.

Без да имаат посебно одобрение од директорот на Управата Сашо Мијалков, без да биде формирана комисија за ништење на материјална документација и без записници, ги уништиле евиденциите за потрошените средства заедно со документацијата за исплата.

Прочитајте и...  Средба Османи-Ковни: Ирска поддршка за имплементација на реформите во земјава

Со ваквите дејствија го оштетиле државниот буџет за скоро милион евра.

Поврзани вести

Иако доцна, сепак МЗ ја објави статистиката: Регистрирани 336 нови случаи, починаа 32 лица

Слободен печат

Изостана денешната ковид- статистика

Слободен печат

ВИДЕО | Трамп: Не се борам за себе, туку за 74 милиони луѓе кои гласаа за мене

Слободен печат

Опозицијата ја бара дневната статистика на заболени од ковид-19

Слободен печат

ВИДЕО: Отворено едно од најголемите лизгалишта во Европа

Слободен печат

Уште еден град во Србија прогласи вонредна состојба

Слободен печат

Остави Коментар