Затворски казни за 14 лица кои повикувале бугарски муслимани да се приклучат на ИД

Фото: МИА

Суд во Бугарија осуди 14 лица на затворски казни поради организирање пропагандни активности за терористичката „Исламска држава” и пружале логистика на џихадисти.

Лидерот на групата Ахмед Муса Ахмед, самопрогласен имам од ромска населба во Пазарџик, осуден е на осум и пол години затвор. Прогласен е за виновен за ширење омраза, верска нетрпеливост и повикување на војна. Тој христијанин кој преминал во ислам веќе издржува затворска казна за други кривични дела.

Останатите добија затворски казни во траење од една до три и пол години. Меѓу нив е една жена, која доби две и пол години условен затвор.

Според обвинението, Ахмед и неговите приврзаници ги повикувале бугарските муслимани да се подготвуваат за војна и им прикажувале џихадистички видео снимки од погубувања.

Ахмед, исто така, помогнал на група од четворица џихадисти од странство на тој начин што им обезбедил превоз и сместување додека биле на пат кон Сирија и Ирак. Меѓу нив е и еден Франзцузин со босанско потекло, за кого има сомневање дека војувал во Сирија, а низ Бугарија минал неколку пати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот