Затворска казна бидејќи намерно кашлал кон поранешната сопруга и ја заразил со коронавирус

Unsplash
Фото: Unsplash

Маж во Австрија (63) e осуден затоа што намерно ја заразил својата поранешна сопруга (70) со коронавирусот така што кашлал кон неа.

Портпарол на регионалниот суд во Линц изјави дека 63-годишникот е осуден на девет месеци затвор, условно на три години, пишува АП.

Мажот е осуден за обид за нанесување тешка телесна повреда поради намерно заразување на жртвата со ковид-19, во ноември минатата година, додека тие сè уште живееле во истата куќа, а пред разводот да биде завршен.

Обвинетиот, чие име не е објавено, кашлал кон 70-годишнишната жена откако дознал дека е позитивен на коронавирусот, рекол портпаролот на судот.

Мажот исто така бил осуден и заради закани кон жртвата и полесни телесни повреди кога ја фатил за врат и ја принудувал да ја напушти нивната заедничка куќа.

На обвинетиот исто така му е наредено да ѝ исплати 1.000 евра отштета на поранешната сопруга, која во меѓувреме закрепнала од инфекцијата со ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот