Затворот Шутка го вдоми рехабилитираниот германскиот овчар кој искаса деца

Кучето Кара беше заловена од тимови на „Лајка“ откако жители на Аеродром пријавија дека нападнало три деца.

Кучето од расата германски овчар кое на 3 јануари нападна деца во скопската општина Аеродром ќе добие нов дом во затворот во Шутка. Како што имнформираат од стационарот „Лајка“ кучето било подготвено за вдомување откако го поминало хуманиот третман.

-Кучето Кара го помина комплетно целиот хуман третман во нашето прифатилиште откако претходно согласно записникот од извршен инспекциски надзор од Агенцијата за храна и ветеринарство и извршена контрола во „Лајка“ за заловеното куче по пријава за напад на деца, беше одреден карантин и изолација за набљудување. За истото беше извршен клинички преглед од страна на вработен во претпријатието и беше издаден сертификат за беснило со кој не се утврдени знаци на беснило ниту други промени“, велат од ЈП „Лајка“.

Кучето Кара беше заловена од тимови на „Лајка“ откако жители на Аеродром пријавија дека нападнало три деца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот