„Затворете сѐ, вакцината не е ефикасна“: Прв случај на бразилскиот вид на коронавирус во Италија

EPA-EFE/EMANUELE VALERI

Во болница во градот Варезе, во регионот Ломбардија, на лекување е лице кај кое било утврден првиот случај во Италија на бразилскиот вид на ковид-19.

Во Италија има 8.000 нови случаи и 420 лица починати, пишува агенцијата Анса.

Британски, бразилски, јужноафрикански: Што засега се знае за новите соеви на коронавирусот и колку се опасни?

„Доколку бројот на заразени од бразилскиот вид на ковид-19 порасне, неопходно е веднаш да се затвори сѐ, бидејќи вакцината која досега е во употреба не е ефикасна против тој вид на вирусот“, тврди вирологот Андреа Крисанти, директор на одделението за микробиологија на универзитетот во Падова.

Во Италија граѓаните се вакцинираат само со вакцината на Фајзер, американскиот производител кој ја намали испораката на договорени вакцини.

Извор: Б92

Низ Северна Македонија „шетаат“ 20 мутации на коронавирусот

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот