Затворените капии на стадионот придонеле за трагедијата во Индонезија во која загинаа 131 лице

EPA-EFE/MAST IRHAM

Во инцидентот во кој загинаа 131 лице, публиката бегала од солзавецот испукан од полицијата, но при стампедото луѓето не можеле да излезат затоа што капиите биле затворени

Доцнењето при отклучувањето на капиите на фудбалскиот стадион во Индонезија по насилството што избувна на крајот на натпреварот придонесе за катастрофата во која загинаа најмалку 131 лице, соопшти Националната фудбалска асоцијација.

Фудбалската асоцијација на Индонезија трајно го суспендирала главниот извршен директор и безбедносниот координатор на Арема ФК, тимот кој беше домаќин на саботниот натпревар, затоа што не го обезбедиле теренот и навремено не дале команда за отклучување на портите.

„Вратите требаше да бидат отворени, но беа затворени“, рече Ервин Тобинг, шеф на Дисциплинската комисија на здружението.

Поради недостаток на работници, само на неколку луѓе им било наредено да ги отворат капиите. Тие се уште не стигнале до некои врати кога гледачите се натиснале во обидот да избегаат од солзавец испукан од полицијата во обид да ги контролира фановите кои влегле на теренот. ФИФА забранува употреба на солзавец на стадионите.

Сите порти требало да се отклучат 10 минути пред крајот на натпреварот. Но, во саботата, седум минути откако судијата го свиреше последниот свиреж, неколку врати се уште биле заклучени, што придонело за жртвите во една од најсмртоносните спортски катастрофи во светот.

Полицијата, сепак, продолжи да инсистира дека портите биле отворени, но биле премногу тесни и можеле да пропуштат само две лица во исто време, во моментите кога стотици се обидувале да избегаат.

Трагедијата се случи во Маланг во мечот Артема – Песебаја Сурабаја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот