Затвореникот од Велес кој пријави дека е силуван во затворот Идризово го смени исказот

Затворот во Идризово, Фото: МИА

33- годишниот затвореник од Велес кој завчера пријави дека бил силуван во ќелијата во Казнено – поправниот дом „Идризово“ ја демантирал информацијата.

Според информации на Слободен печат, директорот на „Идризово“ Јовица Стојановиќ, по допрен глас од други затвореници, дека наводно се случило силување на затвореник, повикал екипа од Одделот за крвни деликти при МВР за да го истражат случајот.

При извршениот разговор со затвореникот тој го демантирал настанот.

МВР во својот билтен објави дека завчера во 16:05 часот 33-годишен затвореник од Велес пријавил дека на 27.04.2021, околу полноќ, во Казнено-поправната установа „Идризово“, со помош на Д.П.(27) од Скопје, Р.Е.(36) од Битола (исто така затвореници) извршиле обљуба врз него.

Во МВР велат дека работат на расчистување на случајот.

Силуван затвореник во КПД „Идризово“

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот