Затвореник силувал и задавил британски педофил: Сакав да почувствува што почувствувале и неговите жртви

Педофилот Ричард Хакл кој отслужувал 22 доживотни затворски казни во Велика Британија е убиен во затворот, а неодамна започна судење за ликвидација во 2019 година на кое на површина исплива мотивот на неговиот убиец.

Негов „крвник“ бил „колегата зад решетки“, 33-годишниот Пол Фицџералд, три години постар од Хакл, кој бил во затвор за сексуален напад врз лице кое шетало куче.

Убиен во ќелија

Судењето се одржува во Крунскиот суд во Хал, јавува „Би-Би-Си“ и додава дека на едно од рочиштата е откриено дека педофилот Хакл бил избоден со нож, нападнат со тапо орудие и на крајот бил задавен.

Убиецот Фицџералд не признава дека се работи за убиство со предумисла, но признава убиство при намалена пресметливост, било речено пред поротата.

Тужителот Алистер Мекдоналд на отворање на судењето рече дека Фицџералд бил пронајден во ќелијата на Хакл од друг затвореник кој сведочел дека Фицџералд бил на Хакл кој, пак, лежел крај локва крв.

Затвореникот веднаш ги известил затворските чувари кои откриле дека устата на Хакл била полна со некаков материјал, рацете и нозете му биле врзани и дека имал врзано нешто околу вратот.

– Ричард Хакл починал поради гушење со врзување по напад што траел долго, рече тужителот.

Тужителот: Напаѓачот пред прихијатар рекол дека сакал да зготви делови од неговото тело

Тужителот Мекдоналд пред поротата рече дека Фицџералд му кажал на менаџерот на тимот на психичко здравје во затворот дека „ладнокрвно го убил Хакл и сакал да зготви делови од неговото тело“.

– Рекол дека уживал во она што му го правел на телото на Хакл и дека би убил уште двајца-тројца затвореници. Но, не го сторил тоа, бидејќи премногу се забавувал со Хакл, додаде тужителот.

Мекдоналд потсети и дека Хакл бил ноторен педофил.

– Ова убиство било ладнокрвно испланирано и извршено. За време на убиството, Хакл бил долго напаѓан, а нападот бил смислен да го понижи и деградира, ги пренесува „Би-Би-Си“ зборовите на тужителот.

Го силувал оти сакал да почувствува што и неговите жртви?

Судењето го пренесуваат бројни британски медиуми, па така „Дејли Мејл“ наведува повеќе за наводните мотиви на убиството.

Тие пренесуваат дека пред судот е речено оти Фицџералд го силувал и задавил Хакл, бидејќи сакал да почувствува сè што „почувствувале оние деца“, односно неговите жртви.

Дејли Мејл“ пренесува и дека Фицџералд му набил пенкало преку нос до мозокот на Хакл и дека го силувал со кујнски прибор, како некој облик на казна за неговите злосторства.

По убиството, се додава во текстот на „Дејли Мајл“, била претресена ќелијата на Фицџералд и во неа биле пронајдени три оружја, два кондома и шишенце со лубрикант. Исто така, персоналот на затворот се обидел да го спаси Хакл, но неуспешно. По неговото тело имало хематоми и бил силуван со предмет долг 10 сантиметри.

Хакл признал силување на 71 дете

Убиениот педофил Ричард Хакл е Британец кој во 2016 година признал дека сексуално злоставувал 71 дете на возраст од шест месеци до 12 години.

Бил уапсен во 2014 година кога велел дека работи како фотограф фриленсер, а тогаш впрочем правел прирачник за педофили за тоа како да се злоставуваат деца без да бидат фатени.

Онлајн се фалел дека е полесно да се злоставуваат сиромашни деца во Малезија, отколку богатите од запад. На судењето е откриено дека си доделувал „педободови“ за различни злоставувања на 191 дете, а фотографиите од злоставувабните деца ги продавал на дарк веб.

Хакл за делата бил осуден на 22 доживотни затворски казни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот