Затвореник косовец предизвикал пожар во затвор „К’шање”

Во СВР – Куманово вчера во 16:45 часот командирот во затвор „К’шање”, пријавил пожар во крилото за странци, каде била опожарена ќелија од страна на затвореници.

Од извршениот увид од увидна екипа од СВР Куманово било констатирано дека во затворот на вториот кат влезната врата од ќелија била отворена, а во истата имало опожарени душеци од кревети.

– Од извршениот разговор со вработените во затворот утврдено било дека пожарот бил предизвикан од затвореникот Н.Р. (34) од Косово, кој запалил два душеци, по што излегол надвор и ги скршил двете камери кои биле поставени во ходникот од крилото, соопштија денеска од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот