Затвореник до смрт претепа двајца педофили во затвор во САД

Затвореникот Дејвид Боб (48) починал истиот ден, а Грехам Де Луис-Конти (62), три дена подоцна во болница. И двајцата отслужувале доживотен затвор за сексуални напади врз деца под 14 години.

Еден затвореник во Калифорнија преку писмо признал дека до смрт претепал двајца педофили во затвор, пренесува „Дејли меил“. Тоа се случило, како што пишува во писмото, само два часа откако советникот во затворот го игнорирал предупредувањето од затвореникот дека може да стане насилен.

Џонатан Вотсон, 41-годишен осуденик, признал дека со удари во глава убил двајца мажи на 16 јануари во Центарот за третман на зависности.

Затвореникот Дејвид Боб (48) починал истиот ден, а Грехам Де Луис-Конти (62), три дена подоцна во болница. И двајцата отслужувале доживотен затвор за сексуални напади врз деца под 14 години.

-Не можеме да коментираме истрага која е во тек- изјавил Дејн Симас, портпарол на затворскиот состав во Калифорнија.

Убиецот Вотсон издржува доживотен затвор за убиство кое го сторил во 2009 година.

Вотсон во писмото до медиумите пишува дека шест дена по неговото пристигнувањето во затворот, бил сместено и злоставувачот на деца.

Вотсон е уверен дека човекот ги предизвикал и другите затвореници, гледајќи програма наменети за мали деца.

Вели дека не можел да спие затоа што, како што напишал, не го сторил она што неговите инстинкти барале од него. Само два часа пред нападот, тој му рекол на затворскиот советник итно да го врати во некој затвор со подобро обезбедување, бидејќи во спротивно ќе стане агресивен. Но, советникот не го послушал.

-Со оглед на тоа што сум осуден на доживотен затвор, немам што да изгубам. Овие луѓе се кошмар на сите родители- напишал тој.

Сè уште не се поднесени никакви обвиненија, за овој чин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот