Затвореници копаат масовни гробници во Њујорк: Градските власти се подготвуваат за црно сценарио

Фото: Profimedia

Белата куќа предвидува дека коронавирусот ќе усмрти меѓу 100.000 и 240.000 луѓе, и тоа доколку населението ги поддржува насоките за држење растојание.

Најголемиот град во Америка, Њујорк се подготвува за најлошото сценарио во борбата против коронавирусот, кој досега инфицираше над 216.722 и усмрти над 5.000 во таа земја.

Имено, градските власти им понудија на затворениците од озлогласениот остров Рајкерс за плата од шест долари на час да копаат масовни гробници за жртвите од смртоносниот вирус.

Планирано е масовните гробници во случај на пандемија да бидат изградени на јавните гробишта кои се сопственост на градот Њујорк на островот Харт. Како што пренесуваат медиумите во САД, понудата од шест долари за час е повеќе од великодушна и важи само за осудените затвореници, а не и за оние кои очекуваат судење.
-Мртовечниците и гробиштата веќе се преполни. Масовните гробници нема да бидат само за жртвите на коронавирусот, рече Ејвери Коен, портпарол на канцеларите на њујоршкиот градоначалник Бил де Блазио.

Затворениците кои ќе копаат масовни гробници покрај неопходниот алат ќе добијат и заштитна маска. На островот Харт, според проценките на надлежните, можат да се ископаат масовни гробници за 50.000 жртви во случај на пандемија, што е предвидено со планот за вонредни ситуации од 2008 година, кога прв човек на градот беше Мајкл Блумберг.

Затворениците од Рајкерс во просек погребувале меѓу 20 и 25 лица на градските гробишта на овој остров.

ФОТО: EPA/PETER FOLEY

Колку е сериозна ситуацијата во цела Америка, сведочи и предупредувањето од Белата куќа во кое се предвидува дека коронавирусот ќе усмрти меѓу 100.000 и 240.000 луѓе, и тоа доколку населението ги поддржува насоките за држење растојание.

Две тешки недели

Претседателот Доналд Трамп ги предупреди Американците дека следуваат „две многу тешки недели“ во борбата против ширењето на коронавиурсот и ги повика до крајот на април да се придржуваат до насоките за социјално дистанцирање.

-Апсолутно е критично за американскиот народ да се следи насоките во наредните 30 дена. Тоа е прашање за живот и смрт – рече Трамп.

Тој додаде дека сака „секој Американец да биде подготвен за тешките денови кои престојат“. Во САД се заразени повеќе од 185.000 лица, додека над 4.000 починаа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот