Затворени угостителски објекти во Радовиш и во Кичево

Фото: МИА

Полициски службеници од полициската станица во Радовиш синоќа во 21.15 часот извршиле контрола на угостителски објект на улица Св. Спасо Радовишки во Радовиш, при што било констатирано дека не било почитувано работното време, односно во објектот биле затекнати шест лица – гости.

Како што соопшти денеска МВР, известен е јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Исто така, полицијата во Кичево вчера во периодот од 19.00 до 22.00 часот, во содејство со Државниот пазарен инспекторат, извршила контрола во повеќе угостителски објекти во Кичево во врска со превенција и заштита од ковид-19, како и почитување на протоколите за работа на угостителските објекти, при што е констатирано едно прекршување на протоколите.

– При контролата, непочитување на протоколите за превенциja и заштита од ковид-19 биле констатирани во еден угостителски објект на бул. Ослободување. Објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат, а по целосно докумнетирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравственит епрописи за време на епидемија“, соопштија денеска од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот