Затворени сите големи хотели на охридско-струшкото крајбрежје

Струга/Фото: МИА

Сите големи хотели на охридско струшкото крајбрежје ставија клуч на врата. Ќе останат затворени најмалку до крајот на месец март, објави МРТВ.

Главна причина како што пишува јавниот сервис е енергетската криза. Од хотелската асоцијација ХОТАМ велат невозможно е да се покријат високите сметки за струја, кои месечно достигнуваат илјадници евра.

„Мораше да се преземе нешто со оглед на скапата енергија, на сите поскапувања што ги имавме, а секогаш месеците јануари, февруари и март ни се најниска сезона, каде имаме најголеми трошоци а најмалку приходи. И логично беше тие месеци да затвориме“, вели Крсте Блажески, претседател на ХОТАМ.

Вработените во хотелскиот сектор се дома. Некои користат одмори и ќе земат целосна плата, други до стартот на сезоната ќе останат на 70% плата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот