Затворени правно формалните аспекти од Охридскиот рамковен договор

Владата ги затвори правно формалните аспекти од Охридскиот рамковен договор. Тоа е констатирано на денешната седница на Владата во дискусија  за  Охридскиот рамковен договор, потпишан пред 18 години на денешен ден.

„Владата  отвори дискусија за Охридскиот рамковен договор кој беше потпишан пред 18 години на денешен ден и се констатира дека оваа Влада ги затвори правно формалните аспекти од Охридскиот рамковен договор и како трајна придобивка за граѓаните денеска продолжуваме да градиме едно општество за сите“, соопшти по седницата владината прес-служба.

По повод 18-годишнината од потпишувањето на Охридскиот Рамковен договор, вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Садула Дураки вечер во Клубот на пратениците организира свечен прием.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот