Затворени гласачките места во Белорусија: Прелиминарните резултати ја покажуваат доминацијата на Лукашенко
Слободен печат
Пред
epa08592896 Belarusian President Alexander Lukashenko votes during the presidential elections at a polling station in Minsk, Belarus, 09 August 2020. Five candidates are contesting for the presidential seat, including the incumbent president Alexander Lukashenko. EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH
На изборите учествуваат пет кандидати. Централната изборна комисија соопшти дека на изборите во Белорусија до 18 часот гласале 79 отсто од избирачите.
Избирачките места на претседателските избори во Белорусија се затворени вечерва во 20 часа по локално време и почна пребројувањето на гласовите.
Одѕивот на гласачите до 18 часот беше 79 отсто, соопшти Централната изборна комисија. Најголем одѕив од 86 отсто е забележан во регионот Могилев, а најнизок од 62,3 отсто во Минск, пренесува ТАСС.
Гласатае е одржано на 5.767 избирачки места, вклучувајќи и 44 во странство. Право на глас имаат 6,8 милиони граѓани.
Денеска одржаните се шести претседателски избори во Белорусија од прогласувањето независност во 1991 година.
Покрај актуелниот претседател Александар Лукашенко, кој важи за фаворит, останатите кандидати се копретседателот на движењето Зборувај вистина, Андреј Дмитриев, поранешната пратеничка во Долниот дом од парламентот Ана Канопатскаја, домаќинката Светлана Тихановскаја и лидерот на Белоруската социјал – демократска партија Сергеј Черчен.
Излезни анкети: Лукашенко победува со речиси 80 отсто
Актуелниот претседател Александар Лукашенко води на претседателските избори во Белорусија, а според прелиминарните податоци освоил 79,7 отсто од гласовите, покажуваат излезните анкети спроведени за телевизијата Мир.
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Движењето ЗНАМ денешните избори ги оценува како „делумно фер и демократски“, а изборниот ден како релативно мирен. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Портпаролот на партијата Никола Мемов изјави дека оваа оценка се должи на две причини. – Прво, и покрај тоа што Изборниот законик предвидуваше медиумско претставување на политичките претставници, сепак имавме нерамноправна …
Денеска се емитува деветтата епизода од втората сезона на поткастот на „Слободен печат”. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Наш денешен гостин е наградуваниот македонски автомобилист Бранко Кипровски. Тој ни раскажува за состојбата со автомобилизмот во земјава, бројните трки во Англија, наградите и животот во Лондон. Кипровски ни раскажува и за неговото минато, како …