Затворени 14 угостителски објекти во Тетово, Охрид и Струмица, вкупно спроведени 2.895 надзори

Инспекцискиот совет продолжува со редовно спроведување на инспекциските состојби.

-Во период од 12 до 18 мај спроведени се 2.895 вонредни инспекциски надзори од страна на шесте инспекциски служби. Инспекторите од државниот пазарен инспекторат имаат остварено 1.566 надзори. Постапувано е во трговски објекти и на големо и на мало, се врши проверка на почитување на уредба на замрзнати цени на производи од 11 март и други здравствени процедури. ДПИ затвори 14 угостителски објекти, 12 во Тетово, 1 во Охрид и 1 во Струмица за кој е поднесена кривична пријава. Кривична има и за хостел во Скопје. Пет прекршоци за непочитување на уредба од страна на банка и за непочитување на опрема и замрзнатите цени, соопшти на денешната прес-конференција претседателката на Инспекциски совет Магдалена Филиповска Грашкоска.

Државниот инспекторат за труд реализираше 682 надзори кај работодавачи и донесени се 15 решенија и 42 укажувања. АХВ спроведе 195 надзори во повеќе градови и се изречени 12 решенија за неспроведување на контрола на штетници и заштита од нив и лоши хигиенски услови и 8 казнени мерки едукации за непримена на заштитни мерки против коронавирус и неправилно означување на производите.

Од страна на државниот инспекторат за транспорт се извршени 114 надзори и констатирано е дека меѓиопштинскиот сообраќај е целосно редуциран. По измената на одлуката на Владата воспоставена е редовна линија Скопје – Куманово со почитување на 50 отсто намален капацитет на патници. Товарниот сообраќај се одвива без ограничувања.

ДЗСИ дополнително спроведе 286 надзори. Издадени се 395 дозволи за транспортери и професионални возачи за непречено одвивање на транспортот.

Малмет изврши 52 контроли и е констатирано дека нема специфични отстапувања, изјави претседателката на Инспекциски совет Магдалена Филиповска Грашкоска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот