Затворена за сообраќај регионалната делница Јегуновце-Сарај поради реконструкција

Поради изведувањето на градежни работи за реконструкција и поставување на асфалт на регионалниот пат Р2234 деновиве делницата ќе биде затворена за сообраќај од 9 до 18 часот,  известуваат од тетовската секција на Јавното претријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта „Македонија пат”. Тоа е делницата која ги поврзуваа селата од општина Јегуновце долж клисурата на реката Вардар со скопските села Радуша, Свиларе, Кондово, па се до Сарај.

– Минатата недела е почната реконструкцијата. Од денеска до четврток во зависност од временските прилики треба да се поставува асфалт на дел од патот во должина од четири километри преку целата широчина и нема да има можност за одвивање на сообраќај. Се врши поставување и „пеглање” на асфалтот, изјави Дејан Јовановски од тетовската секција на јавното претријатие.

Од претријатието советуваат граѓаните на тетовско преку Јегуновце и Сиричино да пристапат до автопатот Тетово-Скопје како алтернативен правец за движење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот