Затворена уште една текстилна компанија во Штип, вкупно седум конфекции

Со тоа, во Штип се затворени вкупно седум конфекции, а конфекцијата која сега е затворена има 250 вработени и на сите ќе им бидат земени брисеви. 

Затворена е уште една текстилна конфекција во Штип каде дополнително е потврден позитивен тест на еден работник, објави денеска градоначалникот на Штип, Благој Бочварски по седницата на Општинскиот кризен штаб, на која присуствуваше и вицепремиерот и координатор на национално ниво, Бујар Османи.

Со тоа, во Штип се затворени вкупно седум конфекции, а конфекцијата која сега е затворена има 250 вработени и на сите ќе им бидат земени брисеви. 

  Вработените во шестте конфекции задолжително треба да останат дома во самоизолација да ги почитуваат мерките и да го заштитат своето и здравјето на граѓаните. Градскиот пазар на 5 јуни делумно ќе биде отворен за работа, само со прехранбени производи, рече Бочварски.

Вицепремиерот Османи соопшти дека е е потребно да се постават т.н. КОВИД координатори во компаниите, но и во државните институции, кои ќе имаат директни овластувања да го следат спроведувањето на мерките и препораките. Со тоа, смета Османи, значително ќе се заштитат и вработените, и компаниите. 

– Очигледно дека имаме рецидив на болеста. Имаме враќање на пикот на епидемијата којшто денеска се потврдува и на ниво на државата, и во Штип. Веќе е време да се создаде нова позиција во сите институции кои имаат повеќе вработени без разлика дали се работи за приватни или државни институции. Тоа се ковид координатори. Бидејќи очигледно е дека оваа болест ќе трае и за да ги заштитиме вработените, но и компаниите од затворање, најисплатливо за сите е доколку секоја компанија и државна институција назначи КОВИД координатор чија единствена работа ќе биде да внимана на почитување на протоколите, истакна Османи. 

Во Штип во изолација се ставени над 300 граѓани, а на Инфективното одделение се лекуваат вкупно 16 пациенти со средна клиничка слика. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот