Затворена кафеана со 40 гости во тетовско, пронајдена и дрога

Полиција / Фото: МИА

Во тетовско Жеровјане  затворен е угостителски објект во кој синоќа надвор од дозволеното време биле затекнати 40-тина гости, а при акцијата на полицијата се приведени сопственикот и уште неколку лица, поради непочитување на мерките за справување со коронавирусот и поради пронајдена дрога.

Во угостителски објект во село Жеровјане,тетовско, синоќа во 22.35 часот, при спроведена акциска контрола од полициски службеници од СВР Тетово, во содејство со Државен пазарен инспекторат биле затекнати околу 40 гости, при што приведен бил сопственикот на објектот Х.А.(31) од село Боговиње, поради постоење основано сомнение за кривични дела „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ и „Трговија со луѓе“.

Како што соопшти денеска МВР, приведени се и двајца гости во објектот И.Д.(30) од Тетово бидејќи кај него била пронајдена прашкаста материја и Е.З.(21) од с. Горно Седларце, тетовско, кај кого била пронајдена марихуана.

Во објектот биле затекнати и седум државјанки на Србија, една државјанка на Бугарија и две наши државјанки кои работеле во угостителскиот објект и се лишени од слобода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот