Затворена е скопската обиколница, се случила голема верижна сообраќајна несреќа

Поради сообраќајна несреќа пред исклучувањето за Смилковци кон Стајковци, вечерва полицијата ја затвори скопската обиколница, јави ТВ21.

Според телевизијата, неофицијално се работи за несреќа во која учествувале неколку автомобили, камион и автобус.

На местото се излезени екипи на полицијата, како и на итната медицинска помош.

Сообраќајот на обиколницата е отежнат и од густата магла.

Засега нема информации за евентуално повредени во сообраќајната несреќа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот