Затворен за сообраќај крак на улицата „Христо Татарчев” во Кисела Вода

Поради градежни активности за поставување попречна решетка за прифаќање атмосферски води, од 12 септември па во наредните 10 дена комплетно ќе биде затворен за сообраќај кракот на улица „Христо Татарчев”, на потегот од „Енергосистем” до новиот кружен тек.

Град Скопје соопшти дека целокупниот сообраќај од Припор и кон Припор ќе се одвива по споредната улица, околу објектот на „Енергосистем”.

Градските власти апелираат до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да се придржуваат до времено поставениот режим на сообраќај. Ги замолуваат сите учесници во сообраќајот за трпение и разбирање поради можното отежнато одвивање на сообраќајот во овој дел на градот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот