Затворен весникот „Труд“, министерот за култура на Бугарија ќе дава отчет пред Собранието

бугарски весници
Бугарски весници / Фото: EPA PHOTO EPA/VASSIL DONEV

Првата пленарна недела на 47. Народно собрание треба да започне со сослушување на министерот за култура на Бугарија Велислав Минеков поради состојбата со весникот „Труд”.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, министерот за култура на Бугарија наредил да се затвори изданието поради неплатена кирија на користена просторија во сопственост на Министерството за култура. Програмата на новото Национално собрание треба да вклучува блиц контрола на претставниците на преодната влада и петочна парламентарна контрола.

Во неделната предлог-програма на Народното собрание, како што се дознава, не е предвидена процедура за избор на премиер, структура и состав на новата влада. Сепак, за првиот четврток во месецот е планирана блиц контрола на привремениот премиер и вицепремиерите на Бугарија, според деловникот на Собранието.

Сослушувањето на Минеков поради весникот „Труд” и акцијата на полицијата во редакцијата на медиумите е на барање на вонпарламентарната група на ГЕРБ-СДС. Пратениците на ГЕРБ и граѓани  го поддржаа Труд со акција пред Министерството за култура во Софија.

Според пратеникот на ГЕРБ, Тома Биков, постапките на Министерството за култура на Бугарија се незаконски.

Претходно пред Бугарското национално радио, министерот Велислав Минеков објави дека е следена целата судска постапка пред да се запечати редакцијата на весникот и појасни дека закупецот го прекршил договорот со министерството издавајќи го под кирија.

Минеков беше дециден дека Министерството за култура нема правни односи и нема договор со ниту еден весник или медиум во Бугарија, како што тврди главниот уредник на весникот „Труд” Петјо Бласков. Медиумите должат 115.000 евра за неплатена кирија на простории, кои во 2012 година ги изнајмило Министерството за култура на Бугарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот