Затворен угостителски објект во Кичево поради непочитување на протоколите за работа

Македонска полиција/ Фото: Миа

Полициски службеници од ОВР Кичево, во содејство со Државниот пазарен инспекторат вчера во периодот од 19 до 22 часот, извршиле контрола во повеќе угостителски објекти на подрачјето на ОВР Кичево во врска со почитување на мерките за заштита од Ковид-19.

Од МВР денеска информираа дека при контролата било констатирано дека угостителски објект на ул.„Маршал Тито” во Кичево не ги почитува протоколите за работа на угостителски објекти и од страна на Државниот пазарен инспекторат објектот бил затворен.

По целосно документирање на случајот, најавуваат од МВР, ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот